Коментирајќи ги вчерашните и денешните настани на протестите во Белград и Нови Сад, премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека законите и Уставот мора и важат за сите и апелираше на спуштање на тензиите и смирување на страстите.
Вучевиќ пред новинарите во Владата на Србија го изјави следново:
– Прекршувањето на законот повлекува јасно дефинирани последици, без тоа ние сме анархија и нешто што не доликува на нашата држава, на нашата историја. Затоа мојот апел е сите да се смириме, да го повикаме умот, да ги спуштиме страстите – рече тој.
Според него, демократијата ја подразбира идејата за различност, додавајќи дека не е забрането да се собираат, протестираат, критикуваат, туку дека насилството е забрането.
– Она што е забрането е насилство, блокирање на институциите, запирање на животот во Србија. Ничии права не можат да ги ограничат правата на други и обратно. Ако не го почитуваме тоа, целиот систем ќе пропадне – рече Вучевиќ.
Тој посочи дека законите мора да важат без разлика дали некој е член на партија или не припаѓа на ниту една политичка групација, дали е во невладина организација.