Британските медиуми денеска ја пренесоа вест која ги растажи апсолутно сите навивачи на Арсенал, поточно дека еден од најдобрите играчи на англискиот гигант, Габриел Жесус, ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.
Во самиот финиш на првото полувреме Жесус одзади го нападна Бруно Фернандеш со желба прв да стигне до топката, но во таа прилика незгодно падна и се повреди.
„Скај“ пренесува дека најверојатно се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти, но тренерот на Арсенал, Микел Артета не сакал да го потврди тоа до конечните резултати.