Ја убил сопругата со која има две мали деца – ја чекал на пат, па и пукал во глава

Од:

С.М.(24) од Босански Брод е убиена од сопствениот сопруг (28) со кој имала две мали деца. Резултатите од истрагата покажуваат дека нејзиниот сопруг ја чекал на патот што води до куќата на нејзините родители – нов случај на фемицид во БиХ.

Полицијата го пронашла телото на жената во автомобил на локален пат во градот Велика Брусница, пишуваат локалните медиуми.

– С.М. изминатите неколку месеци живееше одвоено од сопругот поради проблеми во бракот. Тој пат води до куќата на нејзините родители, а сè укажува дека убиецот ја чекал и го запрел автомобилот кога таа излегла – изјавил извор за босанските медиуми, кој додал дека уште едно лице е приведено поради вмешаност во убиството.

Медиумите веќе наведоа дека убиецот и претходно и бил познат на полицијата поради семејно насилство, односно поради физичко малтретирање на неговата сопруга.

Поради една од пријавите за физичко насилство, полицијата пронашла куршуми во куќата на убиецот, но по кривична постапка тој бил пуштен, со кривична пријава.

Според податоците собрани од невладината организација Женска мрежа на Босна и Херцеговина, од 2015 година во таа земја се евидентирани најмалку 60 случаи на убиства на жени и девојки, што може да се класифицира како фемицид, односно кривично дело чиј главен мотив е омраза кон жените, а сторителите се нивните партнери.

Би можело да ве интересира

Тајно е погребан убиецот од Градачац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Градачац повторно се протестираше поради насилната смрт на Низама Хеќимовиќ

Горан Наумовски

Полицајката од Градачац бара заштита, тврди дека не била во врска со убиецот Нермин

Тетката на убиената Низама сведочи: Ја удри, ја влечеше за коса, таа молеше за помош

Припадничката на босанската полиција на убиецот од Градачац му кажа каде се крие Низама

„Беше нормален како дете“ вели таткото на убиецот од Градачац: Мозокот сигурно му „изгоре“

Горан Наумовски