Проф. д-р Тодор Јакимов беше редовен професор во пензија на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Роден е во 1926 година во Велес, а високото образование го оформил на Техничкиот факултет во Загреб, каде и докторирал во 1981 година. Тој е дел од Факултетот уште од неговото основање, а од 1977 година е избран за редовен професор.
Проф. Јакимов имаше плодна научна кариера и беше истакнат член на академската и на инженерската заедница. Автор е на повеќе книги, учебници и трудови со повеќе од 150 единици. Се смета за еден од пионерите и долгогодишен носител за истражување, развој, проектирање, изградба на комплексни електроенергетски индустриски и технолошки постројки и системи за автоматско управување и моделирање на електромоторни погони. Во работниот век извршуваше повеќе значајни функции, меѓу кои и декан на тогашниот Електротехнички факултет. Одликуван е со повеќе признанија, од кои најзначајна е наградата „11 Октомври“ за животно дело.