Страшен напад на ајкула во Тајланд, жена (57) доби рана од 30 сантиметри

Од:

Елке М. (57) од Германија отпатувала во Тајланд за да ужива во неговата убавина, плажи и топло време, додека ајкула не ја нападнала при едно патување до морето.
Животното ја гризнало жената за нога и буквално и ги зарило забите во потколеницата, а доказ за тоа се вознемирувачките слики кои Елке ги објавила откако го преживеала нападот.

Нападот се случи на идиличната плажа Панг Хги, а сведоци притрчаа на помош на жената за да може да излезе од морето. Во тој момент Елке врескаше од болка и се обидуваше сама да стигне до плажата облеана во крв, пишува „Билд“.

Откако беше спасена, беше пренесена во локална болница каде и е санирана раната долга 30 сантиметри.

Според тајландските медиуми, жената сега се чувствува добро и повредата е санирана на најдобар можен начин. Тие исто така известија дека вакви инциденти се исклучително ретки во регионот.

Поради овој инцидент, локалните власти поставија табла на плажата со која ги предупредуваат сите туристи и локални жители да се чуваат од „штетни и отровни морски суштества“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Камерата го сними моментот пред застрашувачкиот напад на ајкулата, едвај го спасија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уште еден напад-жена додека нуркаше ја нападна голема ајкула

Предраг Петровиќ