Фудбалската селекција на Хондурас е казнета со играње на еден домашен натпревар без присуство на навивачи.
Хондурас е казнет поради инцидентот што се случи на натпреварот против Мексико.
Тренерот на гостите Хавиер Агире беше удрен со лименка во глава на крајот од првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации во КОНКАКАФ, кој заврши со победа на домаќините од 2:0.
Don Javier Aguirre Moctezuma, mi fútbol. Le abren la cabeza de un botellazo y el tío hace como si nada. Luego hay otros que se pierden un partido porque se han cortado depilándose. pic.twitter.com/iGGwqny99h
— Rajadores del Fútbol (@RajadoresFutbol) November 16, 2024
Мексиканскиот селектор почна да крвари, по што му беше укажана лекарска помош.
Полицијата на Хондурас брзо го идентификуваше човекот кој фрли кон Агире. Тој е водач на навивачката група на репрезентацијата на Хондурас.
Реваншот од четврт-финалето е на 19 ноември во Толука.