Филмската ѕвезда Ева Лонгорија (49) е незадоволна од победата на Доналд Трамп (78) на претседателските избори во САД. Таа откри дека поради незадоволство поминува повеќе време во Мексико и Шпанија отколку во САД. Таа е особено згрозена од состојбата на работите во Калифорнија.
– Тука живеам цел мој возрасен живот. Но, и пред пандемијата, сè почна да се менува. Енергијата стана поинаква. И кога дојде Ковид, стана неподносливо. Без разлика дали се работи за бездомништво или даноци… Не сакам да плукам по Калифорнија, но чувствувам дека ова поглавје од мојот живот е завршено – изјави неодамна таа за магазинот „Marie Claire“.
Поради победата на Трамп, таа е посигурна во исправноста на својата одлука.
– Не е шокантно што победи. Шокантно е што осуден криминалец кој исфрла толку омраза може да води држава. Ако ги одржи предизборните ветувања, тоа ќе биде страшно место – рече таа.
Лонгорија потсети и на победата на Трамп во 2016 година.
– Никогаш во животот не сум била толку депресивна. Се прашував дали мојот глас значи нешто, дали можам да влијаам на нешто? Бев потресена до срж, доведувајќи го во прашање сето она во што верувам длабоко во себе, а тоа е победата на најдобриот. А потоа се случи и беше: ‘О, чекај… Најдобрите не победуваат’ – признала таа.
Лонгорија признала и дека е свесна дека е привилегирана, бидејќи може да си замине.
– Можам да побегнам, да живеам на друго место. Повеќето Американци немаат толку среќа. Ќе мора да живеат во таа дистописка земја. Поради нив сум вознемирена и тажна – изјавила актерката чиј имот моментално се проценува на околу 80 милиони долари.