Изборот на Родри за најдобар светски фудбалер за изминатата година предизвика многу полемики во светот на спортот, а од Реал Мадрид беа крајно лути што Винисиус не ја доби наградата.
„Бев малку во неверување кога на доделувањето на трофејот половина од салата скандираше „Винисиус, Винисиус“. Како и да е, имаше голема почит кон мене од публиката, бидејќи тие станаа и ми аплаудираа на крајот. „Златната топка“ ја наградува постојаноста, тоа е најтешката работа во фудбалот. Не сум тој што ќе каже дали сум го заслужил тоа. Во 2023 година мислев дека можам да ја освојам по одличната сезона со Сити, а оваа година мислам дека бев уште подобар“, изјави Родри за „El Partidazo de COPE“.
Откри чија честитка најмногу му значеше.
„Сето тоа малку ви го менува животот, имате период пред и после тоа. Многу луѓе ми честитаа, но најмногу ме возбуди честитката на Андрес Иниеста, кој исто така требаше да добие награда бидејќи беше најдобриот фудбалер во историјата на нашата земја“, додаде Родри.
Тој истакна дека нема да го стави Винисиус на второто место.
„За втор би го избрал Дани Карвахал, а трет Винисиус!“.
🔛✨ Rodri: “I’d vote Dani Carvajal 2nd at the Ballon d’Or… and Vinicius Jr as 3rd”, told @partidazocope. pic.twitter.com/tg3CD80S5c
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 11, 2024
Не го вознемири ни тоа што Реал ја бојкотираше церемонијата.
„Не ме повреди што не беа присутни. Тоа беше мојот момент, со моето семејство, последно нешто што ми падна на ум беа луѓето кои не дојдоа на настанот. Дали добив картон од Реал? Имаше некои од поранешните играчи како Начо или Хоселу, со кои играв. Не ми пречи што Винисиус не ми честита. Ме интересираат моите луѓе, семејството и клубот. Не би го направил она што го направија луѓето од Реал со тоа што не се појавија, така што нема смисла повеќе да се зборува за тоа“.
Тој го пофали и својот соиграч Ерлинг Халанд.
„Најодлучен играч во светот според бројките е Ерлинг Халанд. Тој е единствениот играч кој би можел да им се доближи на Лео Меси и Кристијано Роналдо. И тој е многу млад и ќе биде успешен уште многу години“, нагласи Родри.
🔵✨ Rodri: “Álvaro Morata always told me: You’re stupid. If you had social media you would have a Ballon d’Or”.
“And as soon as I won it… I wrote to him: ‘Look, Ballon d’Or in my hands and no social media!”. pic.twitter.com/GNq18QCpL1
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 12, 2024
Тој откри и разговор со Алваро Мората, кој сметал дека Родри нема да ја добие наградата.
„Алваро Мората секогаш ми велеше: „Ти си глупав“. Да ги имавте социјалните мрежи ќе ја имавте и Златната топка. И штом ја освоив, му напишав: „Гледај, „Златната топка“ во мои раце и без социјалните мрежи“, заврши Родри.