Дејан Недев освои трето место во кати на светски карате шампионат во Аргентина

Од:

Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на ИКУ светски карате шампионат во Буенос Аирес, Аргентина.

Недев успеа да дојде до бронзениот медал во неговата категорија во која учествуваа 57 каратисти од 44 држави.

Второто место го освои претставникот од Бангладеш, Сиад Нуризман.

Недев по пауза од три години на големите натпреварувања доаѓа до позначителен успех.

Македонските каратисти за две недели ги очекува Светскиот шампионат во традиционално карате, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември во Лима, Перу.

Би можело да ве интересира

Македонски каратисти ќе учествуваат на меѓународниот турнир во традиционално карате во Крушевац

А1он

Највисоко спортско признание на ЕТКФ за Венцислав и Дејан Недеви

А1он

Осма европска титула за каратистот Дејан Недев

А1он

Златен медал за каратистот Недев на Европското првенство во Полска

А1он