Ватерполо репрезентацијата на САД денеска ја совлада Хрватска со резултат 14:11 (5:2, 5:3, 1:2, 3:4), во натпреварот од петтото коло од групата А на Олимписките игри во Париз.
Ханес Даубе и Ирвинг Макс беа најефикасни во репрезентацијата на САД со по три гола. Во селекцијата на Хрватска се истакна Константин Харков со пет гола.
САД групната фаза ја завршија на третото место, додека Хрватска е четврта.
Грчката репрезентација е прва во групата А, во четврт-финалето в среда ќе игра против Србија.