ВИДЕО: Канадерот ја истури водата врз репортерката на РТЛ во Далмација

Од:

Новинарката на РТЛ, Ивана Иванда Рожиќ, доживеала непријатна ситуација додека известуваше за пожарите во Далмација, кога канадер ѝ прелетал над главата и ја поли со вода.

На видеото се гледа како новинарката известува за пожарите што ја зафатија Далмација. Додека известуваше помина над неа канадерот и ја поли целосно со вода и неа и екипата.

„Известувањето во итни ситуации понекогаш може да заврши вака“, стои во описот на објавата која за само неколку часа собра повеќе од 680.000 прегледи.

@danas.hr

Izvještavanje u izvanrednim situacijama ponekad može završiti i ovako 👇 #rtl #danashr #reporteri #izvjestavanje #pozar #hrvatska #fyp

♬ original sound – Danas.hr

Во позадина, на крајот од видеото се слуша гласот на колегата кој и вели: „Фризурата е трајна“, па многу корисници на социјалните мрежи се смееја и покрај тешката ситуација и можноста да се случат сериозни повреди.

Неколку пожари во моментов се активни на подрачјето на Далмација, а најтешка е и понатаму кај Тучеп, каде пожарникарите трет ден се борат со пожарот. Пожарот го зафати и природниот парк Биоково и стигна до Подгора. Хрватските медиуми јавуваат и дека ситуацијата е сериозна во Врсине кај Трогир.