Во денешниот претрес во становите на тројца инженери во Ваљево, кои се осомничени дека долго време оддавале воени тајни од фабриката „Крушик“ на странска држава, одземени се поголем број документи.
Запленети се и мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, флеш драјвови и одредена сума пари, за која се претпоставува дека е награда за шпионски активности – неофицијално дознава „Новости“.
Според добро упатени извори, во домот на осомничениот Д.М. кому му е изречено решение за полициски притвор од 48 часа, пронајдени се повеќе од 10.000 евра и околу 20.000 динари во готовина и таа сума е привремено одземена.
Исто така, запленет е и договорот за негово вработување со странската компанија „АТС груп“, која се занимава со производство на оружје и воена опрема.
Во станот на второосомничениот М.О., според „Новости“, биле пронајдени документи од „Крушик“ за таканаречените барути со слаб чад, со ознака „Службена тајна – доверливо. Оперативците пронашле и околу 2.000 евра во кеш.
Третоосомничениот Д.Л., признал дека соработувал со фирмата „АТС груп“ од Северна Македонија, која произведува оружје и воена опрема, при што му е врачено решение за полициски притвор.