Србија ќе бара екстрадиција на Артан Хајризи од Германија: Лажеше за се

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска на местото каде што беше убиен убиецот на полицаецот, Фатон Хајризи, изјави дека ќе побара Германија да го екстрадира Артан Хајризи, братот на Албанецот кој пукаше во Лозница.

„Братот лажеше дека Фатон му ги украл документите. Тој му ги испратил во Србија“, рече Дачиќ.

Тој изјави дека Фатон Хајризи два дена бил следен на камери и било констатирано дека тој украл велосипед.

Фатон Хајризи, кој го уби полицаецот Никола Крсмановиќ, денеска беше убиен од полицијата на локација во близина на границата со Република Српска. Тој испукал неколку куршуми кон полицајците кои не настрадале поради заштитата со шлемови и панцири.