ВИДЕО: Поплавен Драмски театар – и не е првпат, прокиснува со години наназад

Од:

По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, повторно е поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерствито за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва извршил увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

– Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша Љутков на својот ФБ.

Оваа Влада, како што наведува, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

На фотографиите и видеото, што ги објави Љутков, се гледа уништен ентериер, поплавени ѕидови, подови, кофи кои ја собираат водата.

Слична ситуација, ама во друго време беше кога Драмски беше поплавен, а тогашниот директор Сашо Тасевски реагираше бурно.

„Обилните врнежи кои вечерва го зафатија Скопје предизвикаа прокиснување во Драмскиот театар во Скопје. Директорот на оваа установа на неговиот Фејсбук профил објави видео на кое што може да се види како огромни количини вода течат во тоалетите, пишуваа медиумите во 2018 година.

– Еве. На 30 минути пред Секс дрога… Иде Нијагара во Драмски… не Дунав, напиша Сашо Тасевски над видеото. Ако не излезам брзо, ќе ми требаат гумени чизми и гума за спасување. Пополека излегувам, да не се удавам. После „Драмски“ без директор ќе останат, вели Тасевски во видеото.