На трка во Осиек автомобил излета од патеката и заврши во публиката, има и повредени

Од:

Четири лица се повредени, но се надвор од животна опасност откако во нив удри автомобил на 31-та улична трка Осиек во Хрватска. Повредените се пренесени во Клиничкиот болнички центар Осиек.

Според првичните информации, возачот на автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите, јавува Н1 Загреб.

Веднаш по несреќата се огласиле организаторите, „Osijek Street Race“:

„Еден од возачите изгубил контрола над возилото и удрил во трибината, при што повредил неколку гледачи. Со брзата реакција на лекарскиот тим на сите повредени им е укажана помош и никој не е во животна опасност. Настанот продолжува, но поради истрагата која е во тек, нема да има трки до крајот на денот“.

Уличната трка Осиек, која привлече големо внимание во јавноста, се одржува на спортскиот аеродром Чепин.