Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија и претседател на ИНТЕГРА македонска конзервативна партија, Љупчо Ристовски денеска беше на средби со жителите на Шуто Оризари.
„Кај сите се чувствува стравот за утрешниот ден. Тој егзистенцијален страв како што ние го нарекуваме, во суштина го подјадува семејството, внесува немир, внесува раздор во браковите и едноставно луѓето не живеат квалитетен живот. Коалицијата Храбро за Македонија и во тој состав ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како додадена вредност, излезе со научно издржан план за економски препород на Македонија. Во тој план еден од основните столбови е да ја сопреме галопирачката сиромаштија, која е особено изразена кај ромската заедница, не само во Шуто Оризари. Забрзаниот раст на сиромаштијата можеме да го прекинеме со мерки и инструмени на економските политики, нормално социјалната политика ќе си го тера својот дел, економската политика ќе врши пресија во делот на растеретување на бремето од плеќите на народот. За прв пат на политичката сцена ИНТЕГРА македонска конзервативна партија во состав на Коалиција Храбро за Македонија, излезе со план за нулта стапки на оданочување, за високо интелектуален иновациски информациски и високо технолошки труд знаење умеење и вештини но и за приватни инвестициски фондови во слободна финансиска зона којашто ќе отвори нов економски инвестициски циклус во Македонија“, рече Ристовски.
„За прв пат на сцената излегуваме со понуда за негативни стапки на данок, тоа значи дека одбираме три производи од храна – лебот, млекото и маслото за јадење и со мерка на економска политичка ќе таргетитираме цена за лебот од 20 денари, за млекото 30 денари и за маслото за јадење од 40 денари, но не со мерки на социјална политика, не со ограничување на цени, туку со отворен пазар.
Исто така регресивни стапки на данок за крупниот капитал. Ако една компанија заработува над 10 милиони профит годишно, стапката на данок од добивка ќе падне на 9 проценти, ако оди над 20 милиони ќе падне на 8 проценти, ако има над 50 милиони евра профит, ќе дојде на 5 проценти.
Ромската заендница заслужува да има квалитетен живот, ние сакаме Македонија да ја претвориме во богата држава, а не може да биде државата богата, ако не се луѓето секој поединечно богати и просперитетни.
Бараме поддршка за оваа визија за овие економски платформи, кои се за препород на татковината, за да го премостиме тој застој при влез во Европската унија, со сет на мерки и инструменти на развојни политики, да созададе нова додадена вредност и да отвориме извесни перспективи за квалитетен живот на секое семејство, рече Ристовски.
Се обрати и Симбат Емин, кој е трет на изборната листа во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.
„Сакам голема порака да испратам до Шуто Оризари. Ние од ПЦЕР многу направивме за Шуто Оризари, на 8 мај сите да излезете да го дадете вашиот глас за број 3“.