„Знам дека и горе ќе најдеш некоја сигурица за играње, ми беше идол“ – Ќерката на Џаро се прости од својот татко

Од:

Велибор Џаровски-Џаро кој денеска почина на 75-годишна возраст зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка.

„Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 во капела во Ѓорче Петров“ – напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

Јавноста ќе го памети како организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата.

Неговата ќерка Милица, минатата година ја промовираше биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…,