(ВИДЕО) Ева Лонгорија пешачеше до Оскарите: „Нема скапи автомобили, ова е реалност“

Од:

Познатата „Очајна домаќинка“, актерката Ева Лонгорија, која од година во година воодушевува со својот изглед, буквално се прошета до 96. доделување на Оскарите каде блесна во елегантна црна модна комбинација.

Претежно големите ѕвезди пристигнуваат на црвениот тепих директно од скапи автомобили, лимузини, но понекогаш тоа не се случува така. Во случајот на Ева немаше превоз, па на црвениот тепих отиде во гламурозен фустан кој едвај и дозволуваше да оди и на вртоглаво високи потпетици.

@evalongoria True life: I literally walked to the Oscars 😂 this is the real #bts ♬ оригінальний звук – spoti.music

Таа на својот профил на TikTok објави видео со опис: „Вистински живот. Буквално пешачев до Оскарите. Ова е реален живот, „зад сцената“, нема фенси автомобили за да стигнам овде“.

На доделувањето на Оскарите, Ева Лонгорија носеше гламурозен долг црн фустан со акцент на деколтето, а на традиционалната забава на Vanity Fair потоа, таа носеше прекрасен фустан, кој на малку попровокативен начин ги истакна нејзините адути.

Би можело да ве интересира

Ева Лонгорија ги напушта САД поради Трамп: Ако ги одржи ветувањата, ќе биде страшно

А1он