По озборувањата дека Брижит е родена како маж се огласи и Макрон

Од:

Веќе неколку години се шират теории дека сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, е родена како маж кој подоцна го сменил полот. Уште во 2021 познатиот пар најави дека преземаат правни мерки против тие гласини.

Тој изјавил дека таквите тврдења се лажни и измислени, но и дека го вознемируваат неговото семејство и влијаат врз близината и интимноста.

Уште од моментот кога Макрон стана претседател често се повторуваат вакви гласини, па дури и дека вистинското име на Брижит е всушност Жан-Мишел. Макрон за ваквите изјави вели дека се мизогини и ги посочи како пример за онлајн напади кои секојдневно се случуваат и врз други жени.