Видео: Од интервју заминаа во смрт

Од:

На Тосканското рели, во текот на втората ноќна етапа, загинаа возачот Валерио Кателани и совозачката Даниела Бертонери. Откако излетаа од патеката нивниот автомобил се запали, а тие останаа заробени во него. Набрзо стигнаа пожарникарите на местото на несреќата, но не успеаја да ги спасат животите на двајцата млади луѓе.

Валерио и Даниела се натпреваруваа од љубов кон овој спорт, тие не беа професионални возачи, а беа двојка и во приватниот живот.

Загинаа во моделот Пежо 207 С2000, за кој Кателани непосредно пред несреќата, во интервју рече дека го возел само неколку пати и дека не е најдобро запознат со неговите перформанси.

После трагедијата релито беше веднаш прекинато.