Почина поранешен член на бендот ЈУ Група

Од:

Радован Јелиќ, некогашен член на ју-рок бендот ЈУ Група починал, а веста ја соопшти неговиот син.

Имено, Петар Јелиќ на Фејсбук споделил фотографија од татко му, со опис:

„Капетане наш, плови и нека те носат добри ветрови. Ти благодарам за секој допир, целата љубов, секој совет и секој момент. Беше чест да ми бидеш и татко и пријател. Погребот ќе биде на 21 февруари на Земунските гробишта.“

Радован Јелиќ е брат на двајца од оригиналните членови на ЈУ Група, Драго и Жика. И неговиот син Петар во даден момент бил член на бендот.