Познатата актерка Џоди Фостер добила понуда да глуми во филмската франшиза „Војна на ѕвездите“, но своевремено одбила да се појави во улогата на принцезата Леа.
Во шоуто на Џими Фалон таа ги потврди гласините дека навистина ѝ била понудена оваа улога. Сепак, во тоа време имала активен договор да работи на филм на Дизни и не била во можност да го прекрши, ниту пак да ги вметне снимањата за „Војна на ѕвездите“ во својот распоред.
„Бараа млада принцеза Леа, а јас имав проблеми со распоредот. Веќе работев на друг филм и не можев да го прекршам договорот“, објаснила актерката.
Џоди Фостер денеска можеме да ја гледаме во најновата сезона на серијата „Вистински детектив“.