ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со личните документи продолжува, власта си игра пинг-понг со проблемите на граѓаните

Од:

Во своето соопштение за јавноста, ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ковачевски, Пендаровски и Османи си „играат пинг-понг“ со проблемите и маките на граѓаните, а хаосот со издавање на личните документи со новото уставно име на државата не запира.

„Како да не беа доволни огромните редици, турканиците и нервозите кај граѓаните, неспособните од власта на ДУИ и СДС го намалија и работното време на шалтерите за сликање за лични документи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Тие нагласуваат и дека „неспособноста на Оливер Спасовски и МВР се гледа на дело поради тоа што навреме не набави обрасци за личните документи и со тоа и неможноста на време граѓаните да ги променат документите.“

„Поради неможноста за промена на над 1.2 милиони пасоши колку што се останати за промена, апелираме до власта на СДС и ДУИ да го пролонгира рокот за издавање на лични документи. Исто така бараме Уставниот суд во најскоро време да изрече времена мерка за ставање вон сила на одредбите од закнот за патни исправи кој се однесуваат на крајниот рок на промена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.