Над 2.000 повици на 122 последното деноноќие, повеќе од половина барале полиција

Од:

Во последното деноноќие имало вкупно 2.094 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,02%, а 58,98% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,97%, кон Итната медицинска помош 25,93%, кон пожарникарите 3,37%, а кон АМСМ 0,67 од реалните повици кон 112, информира Центарот за управување со кризи.

„Инаку, 1.253 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 6,06% со другите 58,98% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК)“, соопшти ЦУК.

Од таму посочуваат дека за дел од повиците се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.