Супербогатите стануваат се побогати, а петте најбогати заработуваат луди 14 милиони долари на час

Од:

Кризите и војните во последниве години го зголемија јазот меѓу богатите и сиромашните ширум светот, според истражувањето објавено во понеделникот од развојната организација Оксфам на денот кога започна Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.

Според студијата, петте најбогати луѓе во светот – сите мажи – го зголемиле своето богатство повеќе од двојно од 2020 година. Во исто време, речиси 5 милијарди луѓе, најсиромашните 60 проценти, станале уште посиромашни.

Студијата се базира на податоци од различни извори. Оксфам ги комбинираше проценките за богатството на милијардерите направени од американскиот бизнис магазин Форбс со проценките за глобалното богатство на Кредит Свис, Светската банка и европската агенција за статистика Еуростат.

Глобалната сиромаштија, пак, нема да биде целосно надмината ниту за 230 години.

„Милијардерите стануваат се побогати, работничката класа се бори, а сиромашните живеат во очај. Ова е несреќната состојба на светската економија“, напиша американскиот сенатор Берни Сандерс во предговорот на студијата.

„Никогаш во историјата на човештвото толку малку не поседувале толку многу. Никогаш порано во човечката историја немало таква нееднаквост во приходите и богатството. И никогаш досега не сме виделе вакво невидено ниво на алчност, ароганција и неодговорност од владејачката класа“, напиша тој.

Според податоците на Оксфам, петте најбогати луѓе заработуваат 14 милиони долари на час од 2020 година. Нивното богатство порасна од 405 милијарди долари во 2020 година на неодамнешни 869 милијарди долари. Заедничкото богатство на сите милијардери порасна три пати побрзо од стапката на инфлација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Туш со снег, 600 вработени и 169 автомобили: Луксузниот живот на најбогатата Индијка

Форбс: На листата најбогати, 11 отсто се жени

Ана Ололовска