Двајцата браќа од Гајре кои беа ранети околу 18 часот пред тетовската болница се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
СВР Тетово информираше дека околу 18 часот и 5 минути е пријавено пукање пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница, при што две лица од тетовското село Гајре, се здобиле со прострелни рани.
-Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информира СВР Тетово.
Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Тетово.