Израелската војска соопшти дека јеменските Хути поддржани од Иран зазеле товарен брод во јужниот дел на Црвеното Море.
Како што наведоа, бродот бил заробен додека пловел од Турција кон Индија, нарекувајќи го ова „многу сериозен инцидент на глобално ниво“.
Во објавата на социјалните мрежи, војската додаде дека бродот не е во сопственост на Израел и дека на него нема Израелци.
„Бродот тргна од Турција за Индија, на него има цивили од различни националности, без Израелци. Тоа не е израелски брод“, соопшти ИДФ.
Според информациите, бродот „Галакси Лидер“ отпловил од Турција кон Индија со меѓународен цивилен екипаж, а меѓу нив немало Израелци.
Медиумите на арапски јазик објавија дека јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, киднапирале израелски товарен брод со 22 членови на екипажот.
The hijacking of a cargo ship by the Houthis near Yemen in the southern Red Sea is a very grave incident of global consequence.
The ship departed Turkey on its way to India, staffed by civilians of various nationalities, not including Israelis. It is not an Israeli ship.— Israel Defense Forces (@IDF) November 19, 2023
Бродот под знамето на Бахамите е регистриран на британска компанија, која е делумно во сопственост на израелскиот тајкун Абрахам Рами Унгар.
Бродот бил изнајмен на јапонска компанија во времето на киднапирањето.
Претходно денеска, Јахја Сареа, портпарол на Хутите поддржани од Иран, рече дека групата „ќе ги таргетира сите бродови во сопственост или управувани од израелски компании или што пловат под израелско знаме“.
Сареа ги повика сите земји да ги повлечат своите граѓани кои работат како дел од екипажот на таквите бродови.