Падна дел од фасада на зграда во центарот на Скопје

Од:

Дел од фасада на зграда паднал кај „Тобако Жак Мар“ во близина на Министерството за правда. Нема повредени лица.

Случајот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112. Оттаму информираат дека потенцијална опасност претставува уште еден дел од фасадата.

Регионалниот ЦУК Скопје ја информирал Општина Центар од каде информирале дека се излезени на терен.

– Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фададата што почнала да паѓа, се вели во соопштението од ЦУК.