Наскоро на Нетфликс доаѓа документарец за Роби Вилијамс, а познатиот пејач за странските медиуми проговори за моментите на неговата најголема слава.
Имено, тој откри дека во времето на својата најголема слава имал тешко нарушување во исхраната и се борел со анорексија.
Роби призна дека изгубил повеќе од 12 килограми за кратко време благодарение на лекот за дијабетичари, кој многу луѓе го користат за слабеење.
„Штом ќе накачам некој килограм, тоа е страшно лошо за моето здравје. Се чувствувам како да ќе спобудалам“, рекол тој.
За малку ќе се расплачеше кога откри дека неговиот нов документарец за Нетфликс бил трауматичен за снимање бидејќи бил принуден повторно да ги преживува своите битки.
„На врвот на кариерата живеев со една банана дневно, односно само 90 калории. Цел живот имам пореметување во исхраната, тоа е всушност мешавина од сите нарушувања“, вели тој.
Роби беше познат по својот „див“ начин на живот долги години, вклучувајќи ги и бурните романси со поп-дивите Никол Еплтон и Гери Халивел. На пејачот му беше дијагностициран АДХД и телесна дисморфија.