Mакедонската поп-пејачка Елена Ристеска беше нападната пред познат скопски гостителски локал. Од МВР, денеска информираат дека на вчера полициски службеници од СВР Скопје ја уапсиле Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23 овој месец во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П..
Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.
По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ и е предадена на ОЈО Скопје, додаваат од МВР.