Вода и струја за заложници – Израел му постави ултиматум на Хамас

Од:

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.

Во објава на социјалните мрежи, Израел Кац рече дека нема да се вклучи „електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“.

Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата.