Израелската амбасада во САД денеска соопшти дека милитантната група Хамас киднапирала 100 цивили и војници за време на нападот врз Израел.
Во објава на социјалната мрежа Икс (Твитер) се наведува дека загинале повеќе од 300 Израелци, а повеќе од 1.800 луѓе се ранети.
Се вели дека Хамас истрелал повеќе од 5.000 ракети кон Израел.