А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Одговорност за грозоморното убиство во Кочани

by А1он25/09/2023 - 16:27780
Share0

За жал, пречесто сме сведоци на фемициди кои се шокантни за целата македонска јавност. Последната трагедија во Кочани открива сериозни проблеми во системот за заштита на жените жртви на насилство и треба да биде предмет на детално истражување и размислување од страна на надлежните органи. Континуирано се случуваат пропусти од институциите кои мора да се грижат за жените кои бараат помош.

Добивај вести на вибер

Сите надлежни лица кои биле одговорни за заштитата на жртвата треба да се истражат и да се донесе соодветно решение. Полицијата и јавното обвинителство треба да работат во соработка за обезбедување на безбедноста на жртвите на семејно насилство со многу посериозен пристап, наместо несериозноста која ја имаат во случаите кога жените во континуитет пријавуваат семејно насилство и да не дозволат да се случат слични трагедии во иднина. МВР и ОЈО мора да престанат да ги штитат насилниците!

Прашањата кои се поставени треба да бидат истражени соодветно од страна на надлежните органи и институции. Најважното е да се осигура безбедноста и справедливоста за сите граѓани и да се превенираат вакви грозоморни убиства и насилства во иднина.

Левица бара од надлежните институции, вклучително и од Оливер Спасовски, да одговорат пред јавноста како дошло до убиство на жртвата и покрај сите пријави, и што конкретно ќе презема со цел подобрувањето на системот за заштита на жртвите и превенција на семејно насилството. Бараме да се идентификуваат пропустите, како и одговорност од лицата кои биле должни да постапат.

ubistvo kocani
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен