Во Германија: Гром удри во жена, а загина маж

Од:

Жена (43) и дете (11) се тешко повредени, а маж почина откако ги удри гром во Германија. Трагедијата се случи вчера во ресторан во провинцијата Баден Виртемберг, кој бил преполн со туристи.

Жената седеше со своето дете и другарка во градината на ресторанот покрај дрво кога почна да грми. Гостите на ресторанот велат дека само наеднаш виделе блесок и гром како ја удира жената директно во градите.

„Сите тројца паднаа како покосени“, изјави за Билд работник во ресторан.

“Видов како гром ја удира во градите и и излезе низ петиците. Момчето стоеше до неа, а мажот седеше до неа”, тврди келнерот.

Тие веднаш се пренесени во болница, каде мажот им подлегна на повредите.