Бугајски: Можни се конфликти во Македонија ако не успее проширувањето на ЕУ

Од:

САД остануваат ангажирани во Западен Балкан, особено на дипломатско ниво и покрај тоа што регионот веќе не е американски приоритет, особено откако ЕУ ја презеде улогата да ги привлече тие земји кон Унијата преку специфични реформи, вели американскиот аналитичар Јанош Бугајски во интервју за бугарскиот весник „24 часа“.

На прашањето дали по американското оддалечување од Западен Балкан, кризата во ЕУ повторно може да ги врати САД во регионот, Бугајски вели:

„Ако ЕУ не успее во проектот за проширување заради внатрешната криза и нерешителност, тогаш опасноста од обновување на конфликтите ќе ескалира. Во некои случаи во тоа може да биде замешена и Бугарија, особено ако Македонија се исправи пред меѓуетнички конфликт и потенцијална територијална поделба, или ако кризата во Грција ги изостри национализмот и конфронтациите со Македонија и Турција“.

Според американскиот аналитичар, што се однесува до Русија, Путин сака да воспостави влијание на Москва на Балканот и ја гледа Бугарија, особено актуелната влада на социјалистите како поговорлив „мал брат“ , кој може да биде привлечен и убеден да ја отвори земјата кон политичките амбиции на Русија и бизнис интересите.