ВИДЕО: Бесни морски лавови бркаа луѓе на плажа во Сан Диего

Од:

Капачите на плажата Ла Џола во Сан Диего, Калифорнија во Соединетите Американски Држави доживеале непријатно искуство во неделата поради напад на лути морски лавови. Според медиумите, луѓето мирно пливале и два морски лава одеднаш почнале да бркаат луѓе кои врескале и панично бегале.

Во меѓувреме се појави и видео, а засега не е познато што ги испровоцирало морските лавови да нападнат и да бркаат луѓе од плажата. Како што може да се види на снимката, морските лавови мирно минуваат покрај луѓето, а потоа наеднаш се залетуваат на брегот додека луѓето се туркаат што побрзо да се оддалечат од местото на настанот.

Еден жител за американските медиуми изјавил дека луѓето треба да се едуцираат за животните во морето. Поточно, за психологијата на морските лавови.

„Луѓето треба да се едуцираат за морскиот свет. Што можат, а што не. Почитувајте ги морските лавови, не допирајте ги, не влегувајте во нивниот простор“, рече Перез Естрада.

За потсетување, на 12 јули 2022 година на истата плажа се случи напад на морски лав. Потоа луѓето им пришле на животните кои се почувствувале загрозени и почнале да ги бркаат капачите и се претпоставува дека истата причина за хаос е и сега.