Ученичка од „Коцо Рацин“ од Скопје направила список на ученици кои сакала да ги повреди

Од:

Ученичка од седмо одделение од основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје направила список на ученици кои сакала да ги повреди, извести полицијата.

Од МВР за „А1он“ велат дека на 8.5.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици.

За случајот била известена директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и Јавен обвинител.

Од полицијата додаваат дека во тек е истрага и се преземаат мерки за расчистување на случајот.