Граѓанското движење „Разбуди се“ упати остра осуда до Владата поради поставувањето на влезна такса за граѓаните на Косово во Македонија.
„Сметаме дека оваа еднострана одлука на Владата во Скопје сериозно и наштетува на економијата на земјата, но истовремено ги постувава Албанците од двете страни на границата во многу незавидна ситуација поради блиските семејни врски помеѓу нив. Оваа одлука, исто така, го отежнува и протокот на луѓето и возилата на малкуте гранични премини со Косово поради долгите редици на возила. Медиумите треба да известуваат за вчерашниот грабеж на албанските граѓани од Косово на кои им се издаваше апсолутно безвредно парче хартија (парагон блок), како доказ за нивното плаќање а не фискални сметки како што е предвидено со закон“, се наведува во соопштението.
„Разбуди се“ побара од Владата веднаш да ја повлече, како што оценува, апсурдната и неприфатлива одлука.
Прв човек на ова движење е Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.