Граѓаните на Северна Македонија се најнесреќни во регионот, според најновиот Светски извештај за среќа за 2023 година.
Северна Македонија е на 87 место меѓу 137 земји, на последното место на Балканот и меѓу најнесреќните земји во Европа, додека Србија е на 45 место.
Во регионот Словенија е најсреќна и е рангирана на 22. место, Хрватска на 48., Грција на 58., Црна Гора на 67., Босна и Херцеговина на 71., Бугарија на 77., а Албанија на 83. место во светот.
Само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106) се рангирани пониско од Северна Македонија.
Авганистан и Либан се најнесреќните земји во светот, Финците се најсреќни, а во првите пет се и Данска, Исланд, Израел и Холандија, објави Бета.
Ова е 11-та година од објавувањето на извештајот за 20 март, „Меѓународниот ден на среќата“, кој беше прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година.
Извештајот секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп, кој опфаќа 137 земји.