ВМРО – ДПМНЕ во немањето идеи ги повторува истите прес конференции.
Цинично е да ги исечете дрвјата пред хотелот “Бристол“, и тоа во раните утрински часови, а во исто време советничката група на ВМРО – ДПМНЕ веќе трет пат да говори за загриженост за зеленилото во општината. Цинично е брутално да се пресметувате со оние кои застанаа во одбрана на зеленилото во овој дел на Скопје, а меѓу нив беа и повозрасни граѓани и деца, а во исто време да иницирате садење на нови 10.000 садници со ребаланс на општинскиот буџет, вели во писмена реакција градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Повторно ја упатуваме советничката група на ВМРО – ДПМНЕ да ја прочита законската регулатива или пак да ја праша владата која точно ќе им објасни дека парите од комунални такси, на кои тие се повикуваат, се строго наменски за инфраструктурни приклучоци.
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски повторно и’ предлага на власта да направат нешто во интерес на граѓаните, а тоа е владата веднаш да го стопира и да се откаже од градењето на нова барокна зграда наменета за Советот за радиодифузија и во истиот момент градоначалникот ќе ги врати средствата на владата.
Градоначалникот смета дека ваквото лицемерно однесување на ВМРО – ДПМНЕ е веќе препознаено и осудено од граѓаните.
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски нема да работи по теркот на претходниците и да ги злоупотребува народните пари за ненаменски и незаконски цели.