Со продолжување на мерката притвор за новинарот Томислав Кежаровски правосундите органи направија суштинско прекршување на Европската конвенција за човекови права, констатира Хелсиншкиот комитет, во последниот извештај. Првостепениот суд нема прецизно објаснување за причините поради кои постои опасност од бегство на обвинетиот што е спротивно на конвенцијата, а загрижува и односот на Апелациониот суд, кој не постапува по жалбите против решението за притвор.
Хелсиншкиот комитет утврдил и дека верската и етничката нетрпеливост во Македонија е се поголема. Доказ за тоа се послдените случувања во селото Доброшинци каде локалниот имам беше нападнат од група селани, и инциднетот во Струшко Октсиси, каде локалните жители не дозволија градење на црква.
-Немам впечаток дека државата се залага за унапредување на меѓуверските односи, а конкретно за селото Октиси загржува што институциите кои требало да регариаат, како Комисијата за верски односи и Центарот за управувње со кризи, не го сторија тоа -вели Уранија Пировска, извршна дирекорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во последниот извештај меѓу другото е констатирано и дека со иницијатаивата на владејачката партија за промена на Уставот заради дефинирање на бракот единствено како заедница меѓу маж и жена е обид за девалвирање на принципот за еднаквост, а истовремено повторно е забележано и дискриминирање на ЛГБТ заедница. Затоа во Хелисншкиот комитет утврдиле дека во изминатиот период нема никаков напредок од аспект на почитување на човековите права и слободи во земјата.