Видео: Со шлаканици сакаше да и го објасни проблемот

Од:

Ѕвездата на Американското риалити шоу Џенифер Вилијамс подигна тужба против Ниа Крукс, која физички ја нападна.
Младата ѕвезда имаше добри изгледи на суд со оглед на тоа што целата пресметка ја сними присутната ТВ екипа.

Но во последен момент се премисли и ја повлече тужбата. Извори блиски на Џенифер открија дека причина е тешкиот развод и дека не сака дополнителна драма во животот.

Адвокатот на обвинетата Крукс изјави дека потегот на нападнатата Вилијамс е само беден обид за свртување на вниманието кон себе.