Во камион и магацин се пронајдени прехранбени артикли со изминат рок на траење

Од:

Полициски службеници од СВР Куманово уапсиле А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

A1on

До 30 јуни ќе важи ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи

Горан Наумовски