Скопската полиција поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Првопријавениот К.С., како службено лице, вработен во Подрачно одделение за матично работење – Скопје при Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 4.11.2021, без примено писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање Извод, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.