Пронашла двојничка на Инстаграм и ја убила за да ја лажира сопствената смрт

Од:

Германка (23) со ирачко потекло на Инстаграм пронашла девојка која многу личи со неа и со помош на пријател ја убила за да си ја одглуми сопствената смрт, откриле истражителите во Баварија, пренесува Гардијан.

Кога во август, во паркиран мерцедес во Инголштад, јужна Германија, беше пронајдено телото на млада жена покриено со крв, жртвата првично беше идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка со ирачко потекло, а живеела во Минхен.

Иако некои членови на семејството на Шарабан К. го идентификувале телото, обдукцијата извршена следниот ден покрена сомнеж за вистинскиот идентитет на жртвата. Жртвата на крајот беше именувана како Кадиџа О., алжирска блогерка за убавина од Хајлброн во соседната држава Баден-Виртемберг, исто така 23-годишна.

И двете имаат долга црна права коса, сличен тен, а со шминка, двете жени изгледаа неверојатно слично, соопшти полицијата, што ги натера германските медиуми да го наречат случајот „двојно убиство“.

Заедно со 23-годишниот Косовец Шеќир К., Шарабан К. беше приведен во Баварија на 19 август 2022 година, но властите до оваа недела јавно не шпекулираа за мотивот.

„Истрагата доведе до претпоставка дека обвинетата сакала да се скрие поради семејна расправија и во таа смисла да ја лажира сопствената смрт“, изјави Вероника Гризер од Државното обвинителство во Инголштад.

Полицијата соопшти дека Шарабан К, која оперирала на социјалните мрежи под голем број имиња, контактирала со неколку жени кои личеле на неа во неделата пред убиството.

Но, Кадиџа О. се согласила да се сретне со Шарабан откако оваа ја намамила нудејќи ѝ козметика, пишува Зидојче цајтунг. Наводно на денот на убиството ја зеле од нејзиниот стани ја однеле во шумата меѓу Хајлброн и Инголштад, каде сега двајцата обвинети ја избодеа до смрт.

„Оружјето на злосторството не е пронајдено, но доказите се многу“, изјави портпаролот на полицијата Андреас Ајкеле за таблоидот „Билд“.

„Жртвата е убиена со повеќе од 50 убоди, а лицето целосно и беше изобличено“, изјави Ајкеле.

Иако истрагите е во тек, а некои сведоци се уште треба да бидат сослушани, на 26 и 27 јануари беа издадени налози за апсење на Шеќир К. и Шарабан К., изјави портпаролот на обвинителот во Инголштад. Двајцата се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни.

„Не добивате ваков случај секој ден, особено со таков спектакуларен пресврт“, изјави Ајкеле за „Билд“.