Министерот Милков не дојде на седницата на Народното собрание во Софија каде што требаше да ги образложи деталите за нападот на македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид. Точката која беше најавена како сослушување на службениот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Република Северна Македонија е симната од дневен ред на седницата.
Милков на оваа тема вчера зборуваше и пред колегите во Брисел. Како што пренесоа бугарските медиуми тој побарал солидарнот од останатите министри за надворешни работи во врска со пристисокот над бугарската заедница во Македонија.
Христијан Пендиков се наоѓа на лекување во Софија откако бугарската влада му организираше трнаспорт со државен авиот од Охрид, Му беше изврешена операција, а го пости и македонскиот министер за наворешни работи, Бујар Османи.
Истрагата за инцидентот со претепувањето на Пендиков е во тек. Пендиков двапати сменил исказ во полиција за тоа кој му удирал боксови. Пред полицијата прво кажал дека бил претепан од тројца машки лица, а потоа дека го натапало едно лице. Поради промената на исказот, осомничено е само лицето кое сега е во притвор, а за другите двајца, се собираат информации.