ФОТО: Сообраќајна несреќа кај скопскиот хотел Континентал

Од:

Сообраќајна несреќа се случи попладнето на булеварот „Александар Македонски“ во близина на хотелот „Континентал“ во Скопје.

Несреќата се случила околу 19 часот кога возило „ауди“ со скопски таблички од засега непознати причини првин удрило во банкината на булеварот, а потоа се превртело.

Оштетени се и неколку други возила.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

ФОТО: Телеграф.мк