Ковачевски: Да покажеме зрелост и да се обединиме во заедничкото добро

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски од Охрид повика на обединување кое ќе донесе заедничко добро.

„Со меѓусебно разбирање и грижа едни за други, да покажеме духовна зрелост и да дадеме заедничка поддршка на мирот и на развојот како заедничко добро рече Ковачевски кој присустување на чествувањето на празникот Водици и на фрлањето на крстот во Охридското езеро.

Ковачевски порача дека симболиката на влегувањето во водите, како потсетување на Исусовото крштевање во реката Јордан е значајна и поради безвременската порака на којашто упатува празникот, дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.