Предупредување во САД: Доаѓа циклон што се случува „еднаш во генерација“

Од:

Големата зимска бура што ќе ги погоди САД би можела да го донесе во некои делови од земјата најстудениот Божиќ во последните четири децении, велат експертите.

Студениот бран „еднаш во генерација“ што започна на северозападниот дел на Пацификот во вторникот пред да се пресели на исток ќе стане „циклон на бомби“ до петок, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 90 милиони луѓе во 37 држави се под предупредувања за зимски временски услови.

Зимската бура Елиот се очекува да го донесе најстудениот Божиќ од крајот на 1980-тите, според прогнозите на американските медиуми.

Дури и Флорида се прогнозира дека ќе го доживее најстудениот Божиќ во последните 30 години.

Националната метеоролошка служба (NWS) преку соопштение наведува дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури од минус 45 Целзиусови степени.

NWS вели дека во областа на Големите езера, се очекува притисокот да достигне еквивалент на ураган од трета категорија.

Гувернерите на Кентаки и Северна Каролина прогласија вонредна состојба, а снежните услови и замрзнатите патишта се очекува да предизвикаат сообраќаен хаос овој викенд.

Би можело да ве интересира

Во САД беснее бура од невидени размери, во некои места веќе се измерени температури од -37

А1он