Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби.
Тој посочи дека надлежните органи се максимално ангажирани и не допуштаат шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.
„Јас сум во постојана комуникација со МВР. До овој момент нема потреба да се крева тоа на такво ниво“, изјави претседателот пред денешната панел дискусијата на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.
Нагласи дека дојавите стигнуваат од ИП адреси кои најчесто се од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето кои менаџираат со овие адреси.